Category Archives: АКТУЕЛНО

Ново зелено катче (пресек на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„)

 

Во паркот  лоциран кај пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„ (во близина на кружниот тек)  деновиве се поставува систем за наводнување со што овој парк ќе добие трајно решение  во поглед на полевање на садниците и тревниот дел. Откако ќе се заврши со фазата на поставување на ситемот за наводнување, ќе се пристапи кон комплетно реконструирање на тревната површина и засадување на украсни садници и сезонско цвеќе. Новото парковско решение ќе стане составен дел од мозаикот „Охрид-град на цвеќето 2012„.

 

Акција за кабаст отпад: „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„

          Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.09.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители„ , „Партизанска„ , „Димитар Влахов„ , „Кеј Маршал Тито„ и населба „Охридати„.

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Успешно реализирана акцијата за кабаст отпад во „Стар Град„

Саботната акција за подигање кабаст отпад која ја организиравме во населба „Стар Град„ успешно е реализирана при што се подигнати 15 м3 отпад.  Ј.П.„Охридски Комуналец„ упатува пофалба до граѓаните за успешноста на акцијата, каде е веќе евидентно развиен степенот на еколошка култура. Местата каде беше изложен кабастиот отпад уредно и навремено беше пријавен во Р.Е.Механизација (подигнати беа стари јоги, кревети и друга покуќнина). Со ваквите акции продолжуваме и во наредните саботи, за што граѓаните навремено ќе ги информираме преку нашата веб-страна и другите медиуми, а секако овие акции веќе се вметнати во годишниот календар.

Се сечеа исушени дрвја на прометни локации

Денес Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе акција за сечење на суви дрјва кои се наоѓаат на прометни локации во градот и истите претставуваат опасност во движењето на пешаците и автомобилите. Стеблата на дрвјата беа исушени со никави знаци на вегетација, па затоа нашите служби од раните утрински часови пристапија кон отстранување на истите. Отстранети се три стебла и тоа: покрај коловозот во близина на влезот во „Горна Порта„, потоа од тротоарот на ул.„Булевар Туристичка„ (пред „Тим„ маркет)и едно стебло во близина на гимназијата „Св.Климент Охридски„.

Со вакви акции ќе продолжиме и во наредниот период, земајќи го во предвид фактот што во неколку наврати при силно невреме се скршија дрвја, но за среќа без поголеми последици. Во оваа прилика повторно ја потсетуваме охридската јавност и еколошките друштва од итноста за реконструкција на дрворедите покрај некои сообраќајници, каде голем дел од стеблата се иструлени.   

Акција за кабаст отпад во населба “СТАР ГРАД” (01.09.2012год.-сабота)

            После шпицот на туристичката сезона продолжуваме со реализација на акции за подигање на кабаст отпад. Овие акции ги организираме според работниот календар за 2012 год.  и со него се опфатени различни населби во градот.   

          Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.09.2012 год.(сабота) ќе организира акција за подигање на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети,теписони и др.)  во населба “”Стар Град”.

           Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад да го извадат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да може Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигне.

Градоначалникот Александар Петрeски меѓу вработените во Ј.П.”Охридски Комуналец”

 

Градоначалникот Александар Петрески на вработените со муслиманска вероисповед во ЈП “Охридски Комуналец” им го честита празникот Рамазан Бајрам. Тој им се заблагодари што и за време на празникот тие ги извршуваа работните задачи со цел, Охрид да бида чист и натаму да го носи епитетот најчист и хултикултурно најуреден град во Република Македонија.

 

 

Сашо Алче: Ми поднесуваат кривична за Јануари, а возилото е купено во Февруари

Денеска во просториите на Ј.П . “Охридски Комуналец” Охрид се одржа  прес конференција на директорот на јавното препријатие Сашо Алче каде одговорно и со спремна документација презентираше дека кривични пријави проотив него се пишуваат без никакви проверки, ниту со потврдени информации па ни со точни податоци за него.

Имено една од поднесените кривични пријави се однесува за лице В.Д. директор на Ј.П . “Охридски Комуналец”, а Сашо Алче е директор  веќе една година. Се поднесува кривична пријава за лице на возраст од 31 година, а директорот е на возраст од 41 година.

Се поднесува кривична пријава за злоупотреба на службено возило во Јануари, а возилото се купува и примопредава на Ј.П . “Охридски Комуналец”  на 15 Февруари.

Заради сево ова директорот на Ј.П . “Охридски Комуналец” Охрид поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластување против непознат сторител .

Гледај ВИДЕО од конференцијата

 

Прес-конференција 21.08.2012 год (вторник)

Директорот на Ј.П.„Охридски Комауналец„, Сашо Алче, во вторник 21.08.2012 год. 12.00 часот, во просториите на дирекцијата на јавното претпријатие, свикува прес-конференција, како реакција на обвинувањата кои изминативе денови ги пласираа некои електронски медиуми за поднесен посебен извештај за сторено кривично дело „послужување во служба„.   

Со повисока еколошка свест до почисти плажи

Во текот на летнава сезона нашите служби максимално се ангажирани во одржувањето на јавната хигиена  и јавното зеленило, како во централното градско подрачје , така и во периферните делови, со ставање посебен акцент на туристичките населби. Но загрижува фактот што кај поединци еколошкиот  степен на развиеност е на најниско ниво и отпатод се расфрла каде ќе се стигне. Воопшто не се почитува Законот за јавна чистота, а недостасуваат и ригорозните казни на инспекциските служби и надлежните органи. По туристичките населби и плажите кои не се дадени под концесија посебен проблем претставуваат така наречените еднодневни туристи кои сиот отпад го оставаат зад себе. Апелираме дека е крајно време да проработи еколошката свест кај граѓаните  зошто негативниот впечаток кој го оставаат кај многубројните туристи,  не може никој да го исчисти, оставјќи само по себе трајни последици за идните генерации.

Расчистена дива депонија во нас.Свети Стефан

Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведоа акција за чистење на дива депонија создадена во туристичката населба Свети Стефан, наспроти Кардиолошкиот центар. Иако локацијата на оваа депонија е на приватен имот, во интерес на граѓаните и многубројните туристи, нашите екипи со специјална механизација го расчистија овој простор, при што.се подигнати  20 м3 разновиден отпад (градежен шут, пластика, зелен и друг вид отпад).