МЕХАНИЗАЦИЈА

Овој Сектор, организиран преку Одделенијата “Експлоатација за возен парк” и “Одржување на мехнизација и возила” врши експлоатација и одржување на моторните возила, специјалните комунални возила и градежни машини со кои се подигнува и транспортира комуналниот смет, градежни материјали, фекалии и отпадни води, подигнување на непрописно паркираните возила, чистење на снег во зимски услови и посипување со сол и абразивни средства на сообраќајниците во градот и околината, услуги и производство од браварско и столарско занаетчиски работи, опслужување на сите видови на технички услуги за потребите на другите работни единици и трети лица. Во овој Сектор се наоѓа и централниот магацин на јавното претпријатие.