Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен
Со новите снежни врнежи екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” веднаш на терен. Се мобилизираа сите оперативни служби со цел полесно справување со снежните врнежи. Снегот се расчистува од јавните пешачки површини од чаршијата, „Булевар Туристичка”, стариот дел од градот, коловозите од патиштата кои водат до повисоките населени места, со цел да се обезбеди непречено движење на граѓаните.