Ј.П.„Охридски Комуналец” се вклучува во подготовките за Богојавление-Водици
Ј.П.„Охридски Комуналец” активно се вклучува во подготовките за празнување на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Нашите оперативни служби темелно го расчистуваат делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст. Ангажирана е и механизација и се расчистуваат наносите од песок, трска и друг вид отпад.
Нашето претпријатие секогаш излегува во пресрет во подготовките за празнување на најмасовната црковно-верска манифестација во овој дел од православието по која Охрид стана препознатлив симбол.