Одржан состанок со еколошки друштва и невладини организации за чист и зелен Охрид
Со единствена цел за чист и зелен Охрид, а во соработка со општина Охрид, Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид денес одржа прв работен состанок со ЈУ Национален парк Галичица, еколошки друштва и други невладини организации. Меѓусебната размена на практики и искуства е голема придобивка во мапирање на проблемите со кои секојдневно сме затекнати и ќе ни помогнат во детектирање на точките со диви депонии на територијата на општина Охрид, како и пронаоѓање на начини за полесно справување со овие проблеми. Ќе се потпише и меморандум за соработка помеѓу: Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид , ЈУ Национален парк Галичица, „Охрид SOS”, „Еко ФАП”, „Explorer”, „Културолошка иниоцијатива 5 до 12″, „Црвен Крст- Охрид”, „Чист Охрид”, „Енхелеус Лихнид”, „Еколошко друштво Грашница”, „Охрид Ultra Trail”, „Охрид Трчат”, „Акватек” и „Спиридон Спелео”.
Преку заедничка соработка и лична одговорност се надеваме дека ќе придонесеме во заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите.