И ова утро локации со несоодветно депониран отпад
Никако да се надминат проблемите со кои Ј.П.„Охридски Комуналец” секојдневно се соочува. И ова утро многу локации со расфрлан најразновиден отпад (кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут) околу контејнерите и јавните површини по улиците: „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска” „Галичица” , „АСНОМ” ,„Ариф Мустафа” ,„Питу Гули”, „7-ми Ноември” и др.
Повторно упатуваме апел да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат за депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.