Донација на огревно дрво за згрижувачко семејство
Водени од принципите на хуманост и пружање помош на оние на кои им е најпотребно, Ј.П.„Охридски Комуналец” донира огревно дрво на згрижувачко семејство во Охрид. Оваа иницијатива ја реализиравме во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа -Охрид, а огревното дрво е обезбедено од дрвјата кои беа отстранети при градежните зафати за реконструкција на ул.„Македонски Просветители”.