Поради несоодветно одлагање отпад запален контејнер на ул.„Даме Груев”
На ул.„Даме Груев” во околните згради кај АвтоМакедонија Охрид беше опожарен контејнер поради несоодветно одлагање на отпад.
Многу често Ј.П.„Охридски Комуналец” се соочува со проблемот на комплетно уништување на јавната опрема и јавни добра кои треба да им служат на сите наши сограѓани . Дежурните екипи затекнаа комплетно уништен пластичен контејнер на ул.„Даме Груев” кој беше изгорен од запалив отпад депониран во самиот контејнер.
Во тек на грејната сезона честа е појавата на депонирање недогорени остатоци од отпад во контејнерите од страна на несовесни граѓани со што доаѓа до самозапалување на отпадот. Истото претставува не само проблем за нас, туку и за случајните минувачи и останатите жители зошто може да предизвика штети од поголем размер.
Упатуваме апел до граѓаните да внимаваат што депонираат во контејнерите, а истовремено ги повикуваме инспекциските служби да ги санкционираат несовесните граѓани.