Комуналец со низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите
Ј.П.„Охридски Комуналец„ спрoведува низа активности за подигнување на јавната чистота на плажите кои не се под концесија. Во таа насока на плажите кај локалитетите Горица 3 , Славија и Свети Стефан, плажата после х.Метропол до Лагадин и кај плажата Атлантис се поставени канти за депонирање ситен отпад.
Денес темелно се расчистуваше и хортикултурно се уредуваше плажата локалитет Горица 3, а со овие активности ќе се продолжи и по останатите плажи.