Секојдневно се расчистува пристаништето и градскиот кеј

Деновиве екпите на Ј.П. “Охридски Комуналец” имаат полни раце работа со расчистување на отпадот што езерските води го исфрлаат по крајбрежјето и кејот. Секојдневно се подигаат огромни количини тешко разградлив отпад (пластична и картонска амбалажа,  најлон кеси, лименки и др.)  што надојдените реки ги носат со себе, како и  наноси од трска, реси и муљ кои силниот ветар од јужен правец ги исфрла на кејот.  Во наредните денови ќе се продолжи со исто темпо, со цел  одржување на јавната  чистота на градскиот кеј и пристаништето на највисоко ниво.

Share