Комуналец вклучен во хуманитарно продажната акција на фотографии

Посебно задоволство и чест за Ј.П.Охридски Комуналец претставува одржувањето на хуманитарно продажната акција на фотографии од проектот „Охрид-град на цвеќето 2012„ од авторот Петар Боев.

„Охрид-град на цвеќето 2012„ е проект со кој  е зацртано секоја слободна површина во градот да биде хортикултурно уредена и засадена со актуелно сезонско цвеќе. Во рамките на проектот  хортикултурно се уредија голем број  дворови и тераси од приватни и правни лица со цветни аранжмани кои низ објективот на странските туристи го промовираа Охрид како цветна разгледница.

   Сега не радува фактот што Охрид овековечен во цветните фотографии  на Боев ќе им пружи радост на нашите најмали сограѓани за опремување на новите простории на детската градинка „Јасна Ристеска„. Настанот наиде на широк одзив кај пошироката јавност и медиумите, па ги покануваме сите заинтересирани да присуствуваат на настанот 05.11.2012 год (понеделник) во „Објектиф„, со почеток во 20.00 часот.

Share