Под налетите од ветрот скршено дрво на „Македонски Просветители„
Под налетите на силниот ветар кој дуваше во попладневните часови во охридскиот крај, се скрши дрво од дрворедот по улицата „Македонски Просветители„ , во близина на кружниот тек кај „Охридска банка„. Дрвото од видот „липа„ беше старо и деградирано и не издржа, но за среќа не е предизвикана матерјална штета. Нашите служби веднаш излегоа на терен и дрвото веднаш е отстрането, а околниот простор темелно расчистен.
Ситуацијата е вратена во нормален тек, а сообраќајот и движењето на пешаците се одвива непречено.