Дезинфекција и миење во градот и селата продолжува во континуитет
Ј.П.„Охридски Комуналец„ продолжи во континуитет да спроведува вонредни активности за третирање на јавните површини со дезинфекционо средство во централното градско подрачје и приградските населби со појавата на вирусoт COVID-19. Со цел да обезбедиме безбедни услови во кои се намалува ризикот од ширење на заразата во повеќе наврати ги третираме сообраќајниците, тротоарите, пристапите кон објекти каде има поголема фреквентност на движење и инфраструктурни објекти.
Заради специфичноста на теренот и тесни улици и пристапни патеки со помалата цистерна се изврши миење и дезинфекција во „Стар Град„.
Синоќа се изврши миење и дезинфекција и во централното градско подрачје и периферијата и селата Лескоец, Велгошти, Долно Лакочереј и Горно Лакочереј.
Со овие активности продолжуваме секојдневно по претходно зацртана динамика со која ќе се опфати секоја урбана заедница и приградска населба.