Се расчистуваат речните корита на територијата на општина Охрид
Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведува акција за чистење на речните корита и сливните подрачја на територијата на општина Охрид согласно годишната програма на Секторот за комунални дејности при општина Охрид. Се расчитува депонираниот разновиден комунален и друг вид отпад со цел да се обезбеди нормален проток на водата во речните корита и сливните подрачја и превентивно ќе се делува во заштитата од поплави и излевање, а истовремено ќе се намали загадувањето на езерото.
Расчистено е речното корито на р.Сушица на потегот од ул.„Живко Чинго„ до ул.„Железничка„, река Грашница при вливот во Охридско Езеро, а ќе се расчистува и коритото во с.Рача до вливот во езерото.