Акција за расчистување патен правец Охрид-Св.Наум

По завршувањето на главната туристичка сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ од денеска повторно спроведува широко-опфатна акција за подигнување на расфрланиот ситен комунален отпад покрај коловозот на магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Акцијата се одвива етапно по целата должина на овој патен правец , ангажирани се 10 општи комунални работници и ќе се реализира и во наредните денови.

Иако се работи за магистрален пат и расчистувањето не е во наша надлежност, во интерес на граѓаните, туристите и престојниот маратон кој ќе се реализира во празничниот викенд, нашите служби ќе го подигнат сиот отпад кој несовесните граѓани го оставиле зад себе.

Share