Хортикултурни зафати низ Охрид и приградските населби

Екипите на „Јавно зеленило„ деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.

 Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска„, „АСНОМ„ , „Јане Сандански„ и „Питу Гули„ со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците.

Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница„(населба Билјанини Извори) , во с.Рача и  ул.„Крум Точков„. Согласно оперативната програма за 2019 год. тековно се одржуваат и тревните површини во градскиот парк и покрај пешачката патека кај каналот Студенчишта.

Share