Повторно градежен шут се депонира во контејнерите

Во текот на вчерашниот ден дежурните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец„ евидентираа очигледен пример на кршење на Законот за јавна чистота во централното градско подрачје на сред бел ден. Депониран е градежен шут од камион на приватен субјект директно во контејнерите за комунален отпад.

Според Законот за јавна чистота на РМ, не е дозволено градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните и правните субјекти да го исфрлаат во контејнерите за комунален  отпад. Ј.П.„Охридски Комуналец„  континуирано ги едуцира и  информира граѓаните на општина Охрид,  им ја нуди и услугата за преземање и транспорт на овој тип отпад со специјалните возила на претпријатието. Во таа насока организираме и акции за подигнување на кабаст и зелен отпад и градежен шут.

Нашето претпријатие ќе ги превземе сите  неопходни мерки за санкционирање на ваквите случаи.

Share