Ј.П. „Охридски Комуналец“ активно вклучен во организацијата за Водици

Во пресрет на верскиот празник Богојавление – Водици, кога традиционално во осветените езерски води се фрла чесниот крст,  ЈП “Охридски Комуналец” изврши расчистување на снегот од чаршијата и од делот околу пристаништето. Извршено е украсување со бршлен,зеленика и верски знамиња на канделабрите, колцето на пристаниште и бината за снимателите. Поставени се и украсени 15 тезги. Казанот е поставен на малиот плоштад наместо како досега на делот на Сараиште поради снегот и мразот.

Share