Расчистен полигонот за мали спортови и речното корито на р.Сушица
По барање на правното лице кое стопанисува со просторот на поранешниот полигон за мали спортови и истиот простор го користи како паркинг-простор, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија истиот од расфрлан ситен комунален отпад и лисја.
Се спроведе и акција за чистење на речното корито на р.Сушица од расфрлан комунален отпад и градежен шут до пресекот со ул.„Железничка„.