Ново зелено катче позади црквата „Света Софија„

Просторот позади катедралната црква „Света Софија„, во делот околу летната сцена која се користи за изведување на претстави во рамките на манифестацијата „Охридско лето„, деновиве интензивно се расчистува, а потоа и хортикултурно ќе се уреди. Просторот беше обраснат со бршлен и грмушки, а  се расчистуваа и суви гранки и оштетени дрвја. По оваа фаза ќе следи партерно и хортикултурно уредување, со поставување на клупи, корпи за отпадоци и осветлување. Со тоа оваа прометно-туристичка локација ќе  добие изглед каков што и заслужува со комплетно осмислено хортикултурно решение.  

 

 

 

 

 

 

 

Share