Повторно обиени јавните тоалети-овој пат кај Т.Ц.АМАМ

Не поминаа ни 20 дена откако беа обиени автоматите за влез во двата јавни тоалети кои се поставени во стариот дел од градот кај Горна Порта, сега обиени се автоматите за влез во јавните тоалети поставени кај малиот плоштад кај Т.Ц.АМАМ.

Полицијата е информирана за овај вандалски  чин и случајот е  пријавен веднаш од страна на Ј.П.„Охридски Комуналец„.

Јавните тоалети ќе бидат надвор од употреба се` додека не се санира штетата.

Share