Одбележан Европскиот ден на соработка
По повод одбележувањето на Европски ден на соработка, Ј.П,„Охридски Комуналец„-Охрид како имплементатор на ИПА проект SumByo организира настан:
Изработка на ликовна творба на тема „ Се менувам себеси за да го направам моето училиште # 1. ЕКО-УЧИЛИШТЕ”
Настанот го организиравме со учениците од О.У.„Св.Климент Охридски„-Охрид. На овој начин ги мотивиравме учениците уште од најрана возраст да стекнат здрави навики за заштита на животната средина и рециклирање. Творбите кои ги изработија ќе ги красат училниците, кабинетите и ходниците создавајќи пријатна атмосфера за учење и дружење.