Се чисти магистралниот пат Охрид-Св.Наум
По завршувањето на главната туристичка сезона екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ започнаа акција за расчистување на расфрланиот ситен комунален отпад во зелениот појас околу коловозните ленти на магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Делницата долга 30 км ќе се расчистува во текот на оваа работна седмица, а ангажирани се 6 (шест) комунални работници.
По завршувањето на акцијата, ќе се продолжи со расчистување на крајбрежниот појас и плажата лоцирана помеѓу авто-кампот Љубаништа и Св.Наум, потег каде во летниот период престојувале диви кампери и зад себе оставиле хаотична слика од расфрлан отпад.