Се расчистува кејот и потегот кај дискотека „Парк„

Се расчистува крајбрежниот појас кај старото пристаниште пред х.Палас. Во зависност од временските услови и ветерот, речиси секојдневно се расчистуваат и подигнуваат наносите од реса и окрек од градскиот кеј кои во овој период од годината се во фаза на скапување.

 

По барање на организаторот на Балканското првенство во Триатлон кое ќе се одржи на 15 и 16 септември во Охрид се расчистува потегот околу зацртаната патека по која ќе се движат натпреварувачите. Темелно се отстрани дивата жбунеста вегетација  после пешачката патека до Горица и пристапниот пат до дискотека „Парк„.

 

Share