Завршено зеленото катче (пресек „Јане Сандански„ и „Даме Груев„)

Екипите на „Паркови и зеленило„ деновиве  завршија со уредувањето на  новото зелено катче кое го разубавува просторот кај пресекот на улиците „Јане Сандански„ и „Даме Груев„. Прво беше поставен систем за наводнување, а потоа се пристапи кон уредување и поткастрување на веќе засадените дрва на овој простор, засадување на околу 80 нови украсни садници и обновување на тревниот дел. Со детското игралиште кое на овој простор го постави општина Охрид, овој простор го доби својот конечен изглед , кој со својата функционалност и инфраструктурна поставеност претставува пријатно катче за одмор за сите генерации.

 

 

 

 

 

Share