Акција за генерално чистење на општина Охрид
Општина Охрид денес организира акција за чистење на повеќе локации на територијата на општина Охрид во која активно учество зедоа вработените од сите јавни претпријатија. И покрај дождливиот ден акцијата беше масовна ,а секое јавно претпријатие беше задолжено за расчистување на однапред дефинирана локација. Ј.П.„Охридски Комуналец„ имаше поставено координатори и организатори на секоја точка и обезбеди кеси за собирање на отпадот.
Се расчистуваше просторот околу објектот на О.У.„Св.Климент Охридски“ во населба Даљан од расфрлан отпад и се искоси тревата околу училиштето.
Се расчистуваше потегот од вливот на р. Грашница до хотел„Мизо“ од расфрлан ситен комунален отпад.
Се расчистуваше расфрланиот отпад (пластични шишиња, кеси , картонска амбалажа и др.) од скалите и Спомен-паркот на револуција и околу ул.„Јордан Мијалков“ (кај комплексот згради).
Се расчистуваше потегот околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум на делот од Хидробиолошки завод до населба Св.Стефан од расфрлан комунален отпад, потоа се започна со косење на тревниот дел помеѓу двете коловозни ленти на овој дел и се расчистуваше пешачката патека канал Студенчишта до х.Парк.
Ј.П.„Охридски Комуналец“-Охрид обезбеди и специјално возило за расчистување на мини депонии и црни точки во 8.ма урбана заедница „Билјанини Извори„ и подигање на кабаст отпад.
Од сите горенаведени локации се подигнаа кесите со расчистениот отпад.Оваа акција е одличен пример како преку тимска работа да ја демонстрираме личната одговорност за зачувување и разубавување на животната средина. Треба сите да бидеме екологисти и преку заедничко дружење да постигнеме повисока цел- здрава животна средина.