Комуналец повторно на терен во вечерниве часови
Новите интензивни врнежи кои го зафатија охридскиот регион формираа нова снежна покривка на коловозите и јавните површини. Мобилните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ повторно се на терен во вечерниве часови и со расположивата механизација се расчистува подрачјето на општина Охрид.
Екипите остануваат мобилни и во текот на ноќта за да се обезбеди неопходното одржување на јавните површини во зимски услови.