Зимско одржување на сообраќајниците

Eкипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ во вечерниве часови интервенираа низ  сообраќајниците во градот и планинските села  Рамне, Велестово, Коњско и Елшани со посипување на абразивни средства. Со промена на временската ситуација и паѓањето на температурата под нула, како и провејувањето на слаб снег, се зголеми опасноста од појава на голомразица и отежнато движење на возилата и пешаците.  Дежурните екипи согласно Програмата за зимско одржување веднаш излегоа на терен и дејствувано е на сите сообраќајници,  со посебен акцент на стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони.

Share