Се расчистуваше градска плажа
Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведоа акција за темелно расчистување на градска плажа во населба Даљан на потегот околу сливот на р.Грашница во Охридско Езеро до Калето. Во рамки на акцијата подигнати се големи количини неразградлив отпад и трска кој речните води ги имаа исфрлено на плажата. Оваа акција се спроведе по налог од општинскиот инспекторат.