Расчистување на р.Грашница при вливот во езерото
Ј.П.„Охридски Комуналец„ спроведе машинско расчистување на речното корито на р.Грашница при нејзиниот влив во Охридското Езеро. Надојдените води имаа натрупано кабаст отпад, разновиден комунален отпад, наноси од земја и ниска џбунеста вегетација. Со багеровање е подигнат отпадот, а речното корито во рамките на можностите и теренската поставеност, е проширено. Овие активности се реализираат по добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со цел непречен проток на речните води и спречување на можни излевања и поплави.