Нов дрворед на Булевар Туристичка

Започнаа активностите околу реконструкција на дрворедот на „Булевар Туристичка„ на потегот од пресекот со ул.„Стив Наумов„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. На двете страни од булеварот ќе се засадат 120 дрвја од видовите јавор и јасен.

Со нови дрвја ќе биде комплетиран и дрворедот по реконструираниот тротоар на потегот од  кружниот тек кај гимназијата до бензиската пумпа „Билјанини Извори„.

Share