Се косеше ул. Дејан Војвода и се расчистуваше просторот каде се одржува фестивалот Охридски трубадури

Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец”, покрај тековните активности, беа ангажирани на ул. “Дејан Војвода”, каде се косеше тревата покрај патот и темелно се метеше и чистеше. Со овие активности, и покрај празникот, екипите ќе бидат на терен и во наредните 3 дена ќе продолжат  на улиците “Стив Наумов”, “8ми Март”, “Крали Марко”, “Абаз Емин”, “Охридска Бригада” и “Бекир Алириза”. Други екипи, согласно одлука на совет на Општина Охрид за одржување на манифестации на јавна површина, имаа обврска за  одржување на хигиената пред, за време и после завршувањето на фестивалот “Охридски Трубадури”.

Share