Се косеше во ОУ Св. Климент Охридски и во населбата Гоце Делчев (бараки)

Денес се изврши уредување на вегетацијата во ОУ “Св. Климент Охридски” во стариот дел од градот, со косење на израснатата трева во дворот на училиштето и околу игралиштето, пред почетокот на школската година.

Други екипи беа ангажирани на уредување во населбата “Гоце Делчев” (бараки), на косење на тревата покрај патот и кастрење на неуредната вегетација заради зголемена прегледност на возачите и безбедност на пешаците.

Share