Се чистеше на влезот од Охрид кај “Петљата”
Денес дел од екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на дел од влезот на Охрид, кај местото познато како “Петља”, на крајот на улицата “Железничка”. Беше активиран “Багер” за машинско расчистување на неуредната вегетација, и камион “Фап” за подигање и депонирање на отпадот.