Комуналец воведе вонредни смени за собирање на отпадот во ноќните часови
Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај редовните смени за собирање на отпад воведе и вонредна смена каде ќе се собира кабастиот отпад исфрлен околу контејнерите, кој несовесни граѓани не го одлагаат прописно и го фрлаат околу контејнерите со што го затрупуваат просторот со ѓубре.
Како што може да се види на фотографиите контејнерите се празни и нив прописно ги исчистила редовната смена за подигање смет, но за жал дел од граѓаните упорно продолжуваат со несовесно однесување при одлагањето на кабастиот отпат и се оглушуваат на редовните акции за подигање ваков отпад во термини кои се објавуваат во медиумите.
Во текот на вчерашниот ден беше исчистена и мини депонија кај училиштето “Братство – Единство” на ул. “7-ми Ноември”.
Ваквата појава не се намали и покрај бројните апели на надлежните и укажувањата на медиумите дека ваквото однесување го нагрдува градот.