Издвојуваме од денешните вонредни активности

По налог на општинскиот инспекторат денес екипите на Ј.П.„Охридски комуналец„ ја расчистија дивата депонија која ја создадоа несовесни граѓани на ул.„Крали Марко„. Целиот расфрлан отпад е подигнат и транспортиран до депонија.

По повод манифестацијата „Бело лето„ темелно се расчистува предворјето и просторот околу црквата „Света Софија„.

Денес се спроведува и акција за расчистување на р.Сушица од расфрланиот комунален отпад на потегот околу ул.„15-ти Корпус„.

 

Во текот на утрешниот ден екипите на „Јавна хигиена„ ќе спроведат акција за расчистување на плажата Лабино од расфрлан ситен отпад (пластична и картонска амбалажа, лименки и др.) .

Share