Расчистување на кејот

Вчерашниот силен ветер од јужен правец натрупа големи количини разновиден отпад по градскиот кеј и пристаништето. Чистењето на кејот и езерото од окрек, муљ, трска и друг вид отпад, е дел од секојдневните активности на Ј.П.”Охридски Комуналец” кои се опфатени со Програмата за работа на претпријатието за 2017 год., а се вклучени во вонредните активности за одржување на Јавната хигиена. Од раните утрински часови се расчистуваше отпадот по кејот на потегот од пристаништетот до Холандскиот парк а најзастапена е ресата и отпад од пластика.

Share