Од активностите на Јавна хигиена
Од денес, па наредните неколку дена сите екипи на “Јавна хигиена” при Ј.П. “Охридски Комуналец” се максимално ангажирани на расчистување на јавните површини низ цела територија на општина Охрид. Денес се започна со хортикултурно уредување, косење и метење во стариот дел на градот и во с. “Подмоље”, а ќе бидат опфатени и другите охридски села со чистење и уредување пред предстојниот празник. Овие акции ќе траат до четврток, а како поголема активност се започна со чистење на магистралниот пат Охрид – св. Наум.