Се расчистува ул. Железничка
Согласно програмата за работа и зимско одржување на магистралните патишта (ул. Железничка, бул. Туристичка и ул. 15ти корпус) обврска има Ј.П. “Македонија Пат” и истата завршува на 15ти Март, но затоа што нема најави за ниски температури и снег, 15тина дена порано екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” започнаа со отстранување на сите абразивни средства фрлени во зимскиот период од страна на Ј.П. “Македонија Пат”. Ангажирани се 8 работници кои во наредните 3-4 дена ќе извршат темелно и генерално отстранување на истите. Се работи за поголема делница и големи количини на абразивни средства наталожени по улиците.