Се кројат дрворедите на ул. Јане Сандански
Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. “Јане Сандански.” Екипите на “Паркови и зеленило” започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.