Зголемени активности пред празникот 8-ми декември
Екипите на Ј.П. “Охридски Комуналец” покрај редовните активности, согласно програмата за одржување на манифестации, овие денови се вонредно ангажирани со поинтензивни активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености. Се чистеше градскиот плоштад, патеката до Плаошник, просторот околу Домот на култура „Григор Прличев„ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на градскиот плоштад клупите и садовите за депонирање ситен отпад ќе светнат во нова боја. Исто така се чистеше и ул. “Железничка” од наноси на песок и земја, се искоси тревата на тротоарите, ивичњаците и покрај жардињерата помеѓу двете коловозни ленти. Се изврши украсување на градот со знамиња за предстојмиот празник, како и замена поради дотраеност на старите јарболски знамиња со нови во градскиот парк.