“Ј.П. Охридски Комуналец” ја пушти во употреба машината која е наменета за смукање на улиците и тротоарите и чистење од лисја, прашина и друг пластичен и комунален отпад. Со истата е предвидено чистење на кејот, плоштадот, чаршијата, малите плоштади и секаде каде што ќе има потреба.