Од активностите на Јавна хигиена
Денес екипите на “Јавна хигиена” при “Ј.П. Охридски Комуналец” работеа на расчистување на патот за с. “Орман” на потегот од бул. “Туристичка”, во селото се до излезот према с.”Лакочереј” со косење и чистење на израснатата трева и трње кои ја попречуваа прегледноста на возилата. Во текот на изминатите денови беа исчистени с. “Велгошти”, с. “Лескоец”, с. “Косел” с. “горно и долно Лакочереј” и “Подмолје”. Исто беа опфатени делови од стариот дел на градот како патеките низ шумата кои водат од тврдината према “Плаошник”, па према “Лабино” и према “Канео”.