Се коси тревата низ градот
Зголемените температури и врнежите на дожд во изминатите неколку дена придонесоа вегетацијата на тревата низ градот да нарасне со зголемено темпо, така и службите на “”Ј.П. Охридски Комуналец” започнаа со тековно уредување на улиците и парковите со косење на истата. Изминативе неколку денови се косеше на неколку локации каде беше опфатен стариот дел на градот, булеварот “Туристичка”, улиците “Бистрица” и “Шар планина” и покрај кејот “Македонија”.