Расчистување на ул. “Петрино”
“Р.Е. Механизација” при “Ј.П. Охридски Комуналец” по налог на комунална инспекција вршеше расчистување на дива депонија на ул. “Петрино” после објектот на “Дооел Евергрин енерџи” на пошљунчениот пат каде што беа подигнати големи количини на градежен, градинарски, кабаст и комунален отпад. Оваа депонија, како и предходните е направена од страна на несовесни граѓани и покрај апелите на “Ј.П. Охридски Комуналец” до граѓаните да го депонираат отпадот на местата одредени за тоа и во термините наменети за истото.