Акција за чистење на Градска плажа и сливот на реката Грашница

Денес екипите на ЈП Охридски Комуналец го расчистуваа сливот на реката Грашница и истоимената плажа на потегот од “Хотел Мизо”  до калето. Подигнати беа околу 30тина вреќи неразградлив комунален отпад кој беше донесен од количината на самата вода во речното корито и исто беа собрани големи количини на трска. Целиот отпад и трска беа подигнати од страна на службите на ЈП Охридски Комуналец. Оваа акција беше по налог на комуналната инспекција и со вакви и сличи акции ке продолжиме и во наредните денови се со цел подигнување на еколошката свест кај населението. Овие акции се вонредни акции кои ги организираме со предходен договор и налог од комунална инспекција во соработка со локалната самоуправа.FotorCreated FotorCreated1 FotorCreated2

Share