Вонреден ангажман на Јавна хигиена за расчистување на кејот
Изминативе денови екипите на Јавна хигиена при Ј.П.„Охридски Комуналец„ беа вонредно ангажирани на градскиот кеј и градското пристаниште. Променливото време проследено со силен ветер од јужен правец и големи бранови секојдневно во крајбрежниот појас наталожуваа огромни количини од комунален отпад и разградлив био отпад (трски, реси и др.). Остатоци од пластични шишња, најлон кеси, картонска амбалажа и др. пливаа во езерските води од каде нашите служби со вонредни напори секојдневно ги расчистуваа и подигаа. Пешачката зона од кејот секојдневно се метеше од наносите од муљ, трска и друг вид тешко разградлив отпад.
Во зависност од временските услови нашите активности ќе бидат димензионирани и планирани во насока да градскиот кеј и градското пристаниште секогаш бидат во светло какво што му доликува на нашиот град.