ЈП„Охридски Комуналец“ го чисти просторот покрај магистралниот пат на влезот во Охрид

Поради тоа што  државното јавно претпријатие „ Македонија пат“ кое е надлежно да ги одржува магистралните патишта , пред почетокот на  главната туристичката не си ја заврши работата , ЈП „ Охридски комуналец“ во договор со градоначалникот Александар Петрески“ започна со чистење на градежниот шут и друг цврст отпад покрај магистралниот пат од аеродромот до Охрид.

Екипите на ЈП „ Охридски комуналец“ вчера и денеска , со ангажирање на работници, машини за косење на трева, собирање и транспорт  на цврст отпад , го расчистија  потегот од аеродромот до надвозникот на почетокот на булеварот „ Туристичка “  при што се собрани 20 метра кубни отпад.

 

Акцијата продолжува и утре во близината на хотелот „ Магнус “ и на магистралниот пат до Свети Наум на потегот од Билјанини извори до туристичката населба Свети Стефан.

Share