Контејнерите од Туристичка и Просветители ќе се дислоцираат за време на посетата на Бан ки Мун

Ј.П.„Охридски Комуналец„ ги информира граѓаните дека заради посетата на Генералниот секретар на Обединети Нации, Бан ки Мун, во деновите 23.07.2012 год.(понеделник), 24.07.2012 год. (вторник) и 25.07.2012 год. (среда), контејнерите од улиците „Булевар Туристичка„ и „Македонски Просветители„ ќе бидат дислоцирани од овие сообраќајници.  Контејнерите ќе бидат поставени во блиските комплекси и споредни улици. Се надеваме дека граѓаните ќе имаат разбирање и апелираме во овие денови да не го депонираат несоодветно отпадот. За сите подетални информации им стоиме на располагање.   

Share