Функционираат само налето, не плаќаат ништо, а зад себе оставаат расфрлан отпад

Во текот на туристичкава сезона Ј.П.„Охридски Комуналец„ секојдневно се соочува со проблеми поврзани со одржување на јавна чистота на јавно-прометни површини во близина на објекти и штандови каде функционираат „фантом-фирми„. Имено. не е мал бројот на  лесковачки скари, тезги, фрижидери со слaдолед, плажи, ноќни клубови и др., кои функционираат само два месеци (кога е летниот шпиц), без склучување на Договор со нашето претпријатие за подигнување на отпадот. Дел од нив функционираат само во вечерните и ноќните часови, а зад себе оставаат несоодветно депониран отпад и отпад кој е расфрлан по пешачките зони, тревни и други јавни површини. Ево како наутро изгледа пешачката зона по „Кеј Маршал Тито„:

 

 

Ги повикуваме надлежните инспекциски органи под најитно да превземат мерки против ваквите субјекти кои создаваат комунален неред во текот на туристичката сезона.

 

Share